Милан направи бум со продажба на годишни карти

Најзагреаните италијански навивачи на кои одењето на стадион им е ритуал секој викенд, ја зголемија верноста. Минатата сезона 20-те клубови од Серија А продадоа 251.985 сезонски влезници, а таа бројка сега изнесува 282.683.

Градските ривали Милан и Интер се на првата позиција според број на продадени годишни карти оваа сезона во Серија А, но кај Росонерите има една голема разлика за разлика од лани.
 
Новата ера во Милан донесе и нов голем ентузијазам кај навивачите кои верноста кон црвено-црнате бои ја покажаа со купување двојно повеќе карти за разлика од лани. 2016-та година:14.559, 2017-та година: 31.000.
 
Скоро дупло повеќе годишни карти успеа да продаде и раководство на Лацио, но тие котираат слабо на табела. Фини поместувања имаат новите прволигаши Спал и Беневенто.
 
Убедливо најголем пад во овие бројки има Фиорентина која сезонава ќе има 3.000 помалку редовни навивачи за разлика од лани.
 
Кај Јувентус константноста продолжува. Продадени се сите 29.200 предвидени сезонски влезници со кои се исполнува 70,3% од стадионот кој по ново се вика Алијанц.
 
Продажбата сè уште трае што значи оваа табела не е конечна.

6 септември 2017 - 16:10