Меси нема освоено само еден турнир од сите во кои играл во кариерата

Откако страстите од Светското се стишија, а општ став е дека со освоениот пехар на Мундијал Лионел Меси дефинитивно е најдобар на сите времиња, се појави и еден интересен факт.

Капитенот на Аргентина може да се пофали дека во пребогатата кариера освоил буквално сè, освен еден пехар за кои се реални шансите дека сезонава би можел да го крене.

Лео ги освоил сите турнири во кариерата кои учествувал, освен само еден.

Откако со Барселона освои: 10 шампионски титули во Ла Лига, 7 пехари во Копа Дел Реј, 7 во шпански Супер Куп, 4 Лига на шампиони, 3 Суперкупа на УЕФА и 3 Светски клупски првенства, Лео замина во ПСЖ.

Од летото 2021-ва е во Париз со кого веќе има една шампионска титула и 1 Суперкуп. Ова значи дека му недостига пехарот од францускиот Куп кој ПСЖ го освои во мај, само неколку недели пред Меси да дојде на „Парк на принцовите“.

На 6. јануари ПСЖ во Купот на Франција го очекува меч против Шатеру на гости во раната фаза од ова натпреварување.

Лионел со Аргентина освои: Светско првенство, Финалисима 2022, Копа Америка 2021, Олимписко злато 2008, Светско првенство ФИФА У-20 во 2005-та. Има 7 Златни топки како најдобар фудбалер на светот, има 2 Златни топки на ФИФА за најдобар стрелец, 14 награди за најдобар аргентински фудбалер на сезоната, 6 признанија за играч на сезоната во Ла Лига, 8 награди за најдобар стрелец во Ла Лига, 6 златни топка за најдобар играч во Европа, ФИФА најдобар игач на годината, Фифа награда за најдобриот (The Best) и 2 златни топки за најдобар играч на ФИФА Светско клупско првенство.

23 декември 2022 - 11:30