
21 годишниот лев бек игра во осма лига за екипата на Глосоп Норт Енд, но ова лето ќе тренира со своите идоли од Олд Трафорд и ќе се бори за професионален договор.
Минатиот месец клубот му понуди пробен период од една недела, но сега доби уште една шанса, а тоа е да тренира со клубот од јули како дел од подготовките за следната сезона.
„Ми се јави менаџерот и ми кажа дека се заинтересирани да ме видат пак. Тоа зе прекрасна вест. Ова е огромна шанса за мене и мора да пробам да ја искористам, јас од секогаш сум фан на Јунајтед. Прво ме бараа на една недела, а сега бараат да се вратам во јули. Едвај чекам“, изјави младиот Гримшо.
Гримшо се калел во академијата на Манчестер Сити. Неговата природна позиција е лев бек, но може да игра по лева страна и во среден ред.
Тренерот на Глосоп Норт Енд се надева дека Гримшо ќе си ги исполни соништата, но очекува и некакво обештетување од премиерлигашот со кој ќе можат да пополнат и некоја дупка во буџеот.
За сега е нејасно дали Луи ван Гал ќе го земе и на летната предсезонска турнеја во САД.