Фудбал тренира од 11 години, а голема желба му е да се сретне со Јамин Ламал, по можност на терен во шпанскиот Куп на Кралот. Малиот Раул Гонзалес игра во нападот, а за само неколку часа станал официјален двојник на Јамин Ламал.
На друштвените мрежи веќе станал главна тема за кратко време. Во вторникот дури и познатата емисија „Ел Чирингито“ решила да оди во посета на селцето каде живее, учи и игра малиот Раул Гонзлаес кој е „скинат“ Јамин Ламал.
За него во само еден ден пишувале и светските медиуми од Шпанија, АС и Марка.
@abcsevilla ⚽🔥 ¡El doble de Lamine Yamal en las redes sociales! Un vídeo viral muestra a un joven futbolista con una sorprendente semejanza con el extremo del FC Barcelona y la selección española, vistiendo una camiseta verdiblanca. Muchos seguidores béticos se han ilusionado, pensando que se trataba de Lamine Yamal. Pero el chaval es Raúl, un juvenil del Cebrereña de Ávila, quien protagonizó el vídeo durante un partido en el campo del Navaluenga. La cuenta de X del Cebrereña ha aclarado la confusión y confirmado la verdadera identidad del jugador. 📍 Sigue leyendo en Al final de la Palmera #alfinaldelapalmera #betis #verdeyblanco #LamineYamal #Cebrereña #fútbol ♬ sonido original - ABC de Sevilla
„Ми го викаат тоа (дека личи) откако дебитирав“, вика Гонзалес кого другарите, роднините, соиграчите постојано му викале како личи на Јамин Ламал. Видеото на Тикток станало вирално и веќе има над милион прегледи. Станува збор за акција од мечот меѓу Себререња Б, сениорскиот тим за кого го викнале за натпревар против Навалуенга.
„Споредбите со Ламин не се нови, ми кажале многу пати. Почна уште кога Ламин дебитираше на 29-ти април 2023 за Барселона. Од тогаш другарите почнаа да ме викаат како него. Се случуваше и со други играчи на други терени. Но тоа што се случи во вторникот е нешто сосема друго. Ме прогласија за официјален двојник“, се смее Раул Гонзалес кој не само што има неверојатна физичка сличност со Ламин Јамал кој му е идол, туку и се врсници.
Досега ниту Барселона ниту Ламин Јамал кој има обврски со шпанската фудбалска репрезентација не го контактирале.
„Би било неверојатно. Се надевам. Би сакал ад го запознам. Го чекам тоа“, вели Раул Гонзалес кој вели дека би му се остварил сонот да го запознае својот фудбалски идол со кого го споредуваат.