Еден од најфамозните фудбалски портали Гол.ком има свои верзии во многу европски земји, а еден од почитаните секако е шпанскиот Гол кој се занимава со поединости од тамошниот фудбал. Новинарот Алваро Ламела пишува дека младиот Македонец Енис Барди досега сезонава подобро изведува слободни удари од еден Лионел Меси или од најдобриот светски фудбалер според ФИФА, Кристијано Роналдо.
„Младиот Македонец од Леванте е играчот кој даде најмногу голови од директен слободен удар досега сезонава во цела Европа“, го почнува својот текст новинарот Ламела од шпански Гол и додава:
„Енис Барди станува еден од најатрактивните фудбалери во ЛаЛига. Младиот македонски фудбалер од Леванте уште во предсезоната го демонстрираше својот потенцијал од прекини и со два гола од слободен има повеќе и од Меси кој има еден и од Роналдо кој нема ниту еден досега сезонава“.
Барди летово дојде од Ујпешт и даде три гола во предсезоната, се адаптираше во целост и сега ги покажува своите квалитети. Не случајно тој има реализација од 33% од слободен удар што е многу повеќе од 4% на Лионел Меси или од Кристијано кој се уште нема гол од слободен удар“, констатира новинарот.
Головите на Барди сезонава тука.