Напаѓачкото дуо на Македонија вечерва се размина на терен, бидејќи Несторовски излезе од игра во 58-ма минута, а Пандев влезе во 59-та. Токму ил капитано внесе свежина во играта кога Удинезе водеше 2:0, а и покрај тоа што е левак даде одличен гол со десна во 81-ва минута по што Џенова израмни на крај на 2:2.