Македонските фудбалери на одличен начин со 4 од можни 6 бода го затворија септемврискиот циклус од квалификациите за Евро 2024. Синоќа на Малта Македонија победи 0-2 со головите на Елмас и Јован Манев, и двајцата на асистенции на Енис Барди. Елиф погоди во 5' минута и ги растерети соиграчите во продолжението.