Мафијата, Палермо и Вест Хем

Во сезоната 2006/2007 во Куп на УЕФА се паднаа Палермо и Вест Хем. Тогаш за италијанскиот тим играа Корини, Ди Микеле, Брешано, Барѕаљи, Ѕакардо а за англискиот Тевез, Маскерано, Карлтон Кол, Кончески, Рој Керол, Ли Бојер. Првиот меч во Лондон Палермо го добива 0-1, а реваншот 3-0 и со вкупен резултат 4-0 оди понатаму. Но друг ни е муабетот.

На воведниот дуел во Лондон, околу легендарниот стар стадион на Вест Хем, „Аптон Парк“ (срушен во 2016-та), се продавале маици со најава на мечот „Чеканите“ против „Ла Мафија, Палермо, Сицилија“.

Овој стереотип не им се бендисал во Палермо.

Во реваншот, управата на Палермо решава да печати околу 4.000 маици и дресови со натпис:

„Мафијата е срање/La Mafia fa schifo“ со симболот на Сицилија Тринакрија која што ја имаат и на грбот на градот (на фотографијата тогашниот голман на Палермо Федери Аљарди со тогашниот претседател на клубот Салваторе Тото Куфаро).

11 април 2024 - 13:29