Лудата генијалност на Луис Енрике: голманот намерно ги исфрлал топките во аут

Шпанскиот стратег Луис Енрике уште еднаш покажа дека е светска класа откако успеа да го разоружа моќниот Баерн Минхен на негов терен во Германија. Одигра ПСЖ 1-1 на реваншот и обезбеди пласман во големото финале на Лига на шампиони.

Меѓу многуте тактички генијалности, едно посебно му се издвојува на Енрике. Голманот Матвеј Сафонов сите гол-аути ги изведуваше со силно исфрлање на топката во аут, далеку од својот гол. Наместо да цели кон свој играч.

Зошто?

Од моментот по исфрлањето на топка на неверојатниот голман Сафонов кој беше играч на мечот, таа завршуваше во аут или на самата аут линија, па голем број фудбалери брзо се позиционираа на половината на Баерн Минхен кој така беше спречен да искреира било што преку своите најдобри играчи, особено преку Мајкл Олисе.

Кога и да примеше топка Олисе беше покриван од куп противнички играчи кои или го фаулираа или му ја земаа топката. Олисе се откорна од трчање но на крајот беше изваден од игра и беше исфрустриран.

Се испостави дека Луис Енрике смислил генијална тактика како да ги спречи Баварците преку Олисе брзо да стигнат до голот на ПСЖ.

7 мај 2026 - 12:49