Ливерпул минатата сезона имаше очајно лош старт во Премиер лигата и по 14 одиграни кола се наоѓаше на 12 позиција на табелата. Брендан Роџерс презеде драстични мерки за да им ја подигне самодовербата на играчите и да ја спаси сезоната, а тој потег оваа сезона се покажува како исплатлив.
Црвените работат со најпознатиот и најдобриот психијатар во Англија, Стив Питер кој веќе 13 години на спортистите успешно им помага како да го пронајдат патот до успехот и како да се носат со притисоците.
Тој е заслужен за триумфот на Бредли Вигинс на Тур де Франс, и на сите велосипедисти на Велика Британија на Олимписките игри во Лондон. Тренерот на британскиот велосипедистички тим Сер Дејв Брелсфорд за него изјави дека го направил најдобриот избор во неговата кариера.
Питер работел и со Рони О'Саливен кој минатите две години по ред стана светски шампион во скунер. По Олимпијадата во 2012, тој е секојдневие во тренинг кампот на Ливерпул и “мозокот“ на тимот кој постојано работи со играчите. Неговото мото е „Се дава гол со глава, ама и се победува со глава“.
Тој му помогна на Суарез како да избегнува ситуации кои потоа го оцрнуваат на насловните страници, како на пример расистичките напади над Евра и гризењето на Ивановиќ.
Го советувал капитенот Џерард како да биде “посилен“ од повредите, Стерлинг го учел дека треба да се однесува како возрасен и покрај тоа што има само 19 години, Стариџ научил од него да биде поведар и почесто да се смее, Словакот Шкртел да се чувствува како дома, а Фланаган и Хендерсон ги учел дека треба да се борат како лавови за клубот.
Менталната подготвеност на фудбалерите на Ливерпул за која е најзаслужен Стив Питер сезонава се покажа како успешна во нивните резултати. Луверпул ја игра една од најдобрите сезони во поновата историја и жестокото се бори за враќање на титулата која им недостигна 24 години.
Црвените водат мртва трка за трофејот и имаат ист број на бодови со Манчестер Сити, а сезонава се далеку подобри од Арсенал и Манчестер Јунајтед. Неговата работа индиректно ќе ја гледаме на терен и на Мундијалот ова лето, затоа што селекторот на Англија, Рој Хоџсон веќе му обезбеди билет за Бразил.