Левандовски е крал на стрелците, заслужено ја освои Златната копачка

Интересен, необичен список на најдобри бомбардери сезонава ширум Европа. Има некои многу познати имиња, а има и едно помалку познато име.

Сезоните завршија во речиси сите европски лиги и тоа значи дека е дојдено време да се подвлече црта за најдобрите. „Златна копачка“ за најдобар стрелец на сезоната 2021/2022 зема кој друг ако не неверојатниот Полјак.

Со 35 гола само во Бундеслига сезонава, Левандовски освои 70 бода и е убедливо прв на табелата најдобри стрелци ширум Европа.

Втор е Килијан Мбапе чии 28 погодоци за ПСЖ во Лига 1 му донесоа 56 бода а трет е Чиро Имобиле со 27 гола на 54 средби. Карим Бензема е четврт со 27 гола во Ла Лига и исто 54 бода, Бен Једер од Монако даде 25 гола и освои 50 бода за петто место, Охи Омоижуанфо за Молде и Црвена звезда даде 33 гола вкупно и освои 49,5 бода.

Најголемо изненадување во Бундеслигата беше Чехот Патрик Шик кој запиша 24 гола и освои 48 бода, а исто толку погодоци и бодови има и Душан Влаховиќ за Фиорентина и Јувентус.

Мо Салах од Ливерпул и Сон Мин од Тотенхем запишаа 23 гола во Премиер лига и ја поделија наградата за најдобар стрелец во најдобрата европска лига. И двајцата освоија 46 бода.

Головите постигнати во Топ5 лигите се оценуваат со по два бода за гол. За гол даден во лигите кои заземаат од 6 до 21 место на табелата со коефиценти на УЕФА, се дава 1,5 бода. Во послабо рангираните првенства се смета еден бод за еден гол. Системот е така поставен зошто во водечките лиги има поквалитетни одбрани и голмани па затоа во елитните лиги еден гол е вреднуван дупло.

За Роберт Левандовски ова е втора „Златна копачка“ по ред. Во сезоната 2020/2021 Полјакот кој ќе се појави на Светско првенство 2022, исто ја освои наградата за најдобар стрелец со 41 постигнат гол (82 бода освои тогаш, сега 70).

Полскиот репрезентативец претходно ниту еднаш не ја освои наградата „Златна топка“. Освен него по два пати оваа индивидуална награда ја освоија уште девет фудбалери. Најмногу од сите играчи, оваа вредна награда ја добиваше Лионел Меси - дури шест пати, а Кристијано Роналдо четири пати.

Второто место сезонава го освои Килијан Мбапе кој даде 28 гола и имаше 56 бода. Младиот Французин никогаш досега не ја освоил „Златната копачка“ но пред него има уште многу сезони за да стане најдобар стрелец на континентот. Ќе се обиде пак со ПСЖ веќе од следната сезона.

Трет расен шпиц сезонава беше стандардниот Чиро Имоиле (27 гола, 54 бода). Чиро веќе освои „Златна копачка“ во сезоната 2019/2020 како најдобар европски стрелец.

Необично, на шесто место е норвешкиот Нигериец Охи Омоиџуанфо, 28-годишен центарфор кој растураше во Молде а голгетерската серија ја продолжи и во Црвена звезда каде дојде во јануари 2022-ра.

Топ 10 во Европа сезонава го затвораат Мохамед Салах и Сон Мин кои до последна секунда се бореа за титулата најдобар стрелец во Премиер лига. Јужно-кореецеот по ефектниот гол против Норвич на гости прашал дали Салах дал гол. Наградата на крајот ја поделиле.

25 мај 2022 - 15:01