Курнас атанас кој скапо чини

Ливерпул изгуби дома 0:3 од Аталанта во првиот меч од четвртфинале на Лига Европа па на реваншот оствари пирова победа од 0-1 и испадна од Европа. Пред првиот натпревар еден од двајцата коментатори во преносот бил и некогашниот англиски репрезентативец и фудбалер на Ливерпул и Реал Стив Мекманаман.

Еве што рекол на почетокот за шансите на Ливерпул да ја освои Лига Европа: „Да, огромни шанси. Без непочит кон Аталанта, само видете како игра Ливерпул во Премиер лига. И да бидеме искрени, да беше Ливерпул во Лига на шампиони, тие ќе беа еден од фаворитите, втори после Сити“.

 Неделава испаднаа и Ливерпул и Сити.

Аталанта го прекрши Ливерпул среде Енфилд и му нанесе прв пораз дома после 14 месеци

Серија А и Бундеслига со по три екипи во европските полуфиналиња, Премиер лига со Астон Вила

Италија добива пет места во Лига на шампиони, се борат Англија и Германија

19 април 2024 - 10:37