Сезоната на еврокупови полека се ближи кон крајот и се разгорува битката за две дополнителни места во новото издание на Лига на шампиони од следна сезона.
Одамна веќе е јасно дека ЛШ ќе биде проширена за четири места, а две од тие четири ќе им припаднат на земјите кои сезонава ќе имаат најдобар национален коефицент.
И покрај тоа што најмалку вложуваат од сите Топ5 лиги, италијанските клубови помалку неочекувано и изненадувачки се изборија за петто место во ЛШ следната сезона. А во завршницата на оваа сезона ги нема зошто во осминафинале беа елиминирани Интер, Наполи и Лацио.
Сепак на рака на италијанските клубови им оди и чудниот факт што исто се бодуваат победи во Лига на шампиони, Лига Европа и Лига Конференции.
Милан и Рома се судрија во четвртфинале на Лига Европа (0-1 го доби на гости првиот меч Рома пред реваншот следна недела), а Аталанта оствари историска победа на гости кај Ливерпул (0:3) и е со една нога во полуфинале на Лига Европа.
Во Лига Конференции Фиорентина оддолеа на гостувањето кај Викторија Плзен во Чешка (Чесите го освоија 10-то место споре коефицентите и ќе добијат директен учесник во ЛШ од следна сезона). Фиорентина ќе биде фаворит во реваншот со Викторија Плзен на својот стадион „Артемио Франки“ следната недела и реално е дури три италијански тима да завршат во полуфинале на еврокупови (Рома/Милан, Аталанта и Фиорентина).
Голема борба за второто дополнително место кое се отвора во Лига на шампиони бијат и Германија и Агнлија, а Шпанија и Франција речиси и да имаат мали шанси да ги надминат.
Германците имаат мала предност над Англичаните со коефицент 16,785, а Англичаните имаат 0,035 помалку и ништо чудно да ги надминат наскоро.
Германија во ЛШ ги има уште и Дортмунд кој се избори за поволен резултат (пораз 2:1) пред реваншот со Атлетико Мадрид и Баерн Минхен кој во Лондон ремизираше 2:2 со Арсенал пред возвратниот дуел на „Алијанц Арена“.
Во Лига Европа исклучително важен триумф оствари Баер Леверкузен кој во финишот од мечот го скроти Вест Хем со два гола за триумф 2:0 пред реваншот. Ова беше директен дуел со англиски тим во борбата за подобар коефицент.
На Англичаните во еврокупови им останаа Манчестер Сити (3:3 со Реал Мадрид и го чека реванш дома), Арсенал (2:2 со Баерн Минхен и ги чека реванш на гости). Во Лига Европа Астон Вила го победи Лил 2:1 и ги одржа островјаните во игра за дополнителното место но на тимот од Бирмингем нема да му биде лесно нималку на реваншот.
Шпанија максимално може да достигне коефицент 17.687 а Франција теоретски скоро невозможно до 19.750 што е нереално. Значи за очекување е дека Италија ќе добие сигурно уште еден, петти учесник во ЛШ следната сезона а Англија и Германија ќе се борат до крајот.