Аталанта го прекрши Ливерпул среде Енфилд и му нанесе прв пораз дома после 14 месеци

Последниот танц на Јирген Клоп како нвивачите на Ливерпул ја нарекоа оваа сезона, сега е под закана да биде неуспешен. Макар во Лига Европа каде Аталанта им одржа час по фудбал, ги згроми 0:3 и им го нанесе првиот пораз дома после повеќе од година дена.

Ливерпул важеше за најголем фаворит да освои Лига Европа. Сите очекуваа црвените самоуверено да се прошетаат до финалето, особено во последната сезона на Јирген Клоп кој наскоро заминува од клубот.

Но на „Енфилд Роуд“ дојде една многу симпатична банда. Од Бергамо. Поддржана од околу 5.000 свои тифози кои непрестано ги бодреа своите момци.

11-ти април 2024-та ќе се памети во Бергамо како еден од најубавите датуми во клупската историја на Аталанта.

Со два гола на италијанскиот репрезентативец Џанлука Скамака (38’ и 60’) и еден на Пашалиќ во 83-та минута, Аталанта направи шок во Лига Европа.

Ја прекинаа Бергамашите неверојатната серија на Ливерпул од 33 меча без пораз на Енфилд Роуд. Последен пат црвените загубија дома од Реал Мадрид во Лига на шампиони и тоа на 21-ви февруари 2023-та кога примија 5.

Занимлив факт е што ниту еден италијански фудбалер никогаш во еврокупови не постигнал два гола на „Енфилд Роуд“. Џанлука Сакамака стана првиот. Тој играше за Вест Хем извесен период но ниту еднаш не постигна гол на „Енфилд Роуд“.

Аталанта стана само трет клуб во историјата кој два пати победил меч од еврокуп на „Енфилд Роуд“. Барселона и Реал Мадрид досега беа единствени кој два пати го земале скалпот на овој култен стадион.

Притоа ова е само петти домашен пораз на црвените од кога Клоп им е тренер. Претходно губеа од Атлетико Мадрид 2019/2020 2:3 во продолженија, па од Аталанта 0:2 во 2020/2021, од Реал Мадрид 2:3 и сега пак од Аталанта 0:3 во 2023/2024.

Ваков дебакл Ливерпул со Клоп доживува само трет пат. Претходно во 2021 Сити ги згроми 1:4 на „Енфилд Роуд“ а минатата сезона Реал Мадрид го искали бесот и славеше 2:5 во Лига на шампиони.

Необично звучи и фактот што првиот пораз со два гола разлика на Енфилд Роуд Јирген Клоп го доживеал токму о дАталанта во 2020-та кога играа пред празни трибини во пандемијата.

Сега навивачите на Ливерпул од здруженијата Spirit of Shankly и Spion Kop 1906 решиле да го бојкотираат стартот на мечот, немаа знамиња ниту обележја и молчеа до 20-та минута во знак на протест за зголемување на цените на карти за еврокупови за 2%.

**********************************************************************

На 0:3 Енфилд Роуд почна да се празни

12 април 2024 - 09:51