По мајсторскиот гол и асистенцијата против Бреша на гости, Дејан Кулушевски беше стрелец и синоќа против Аталанта, клубот во кој всушност ја почна кариерата пред две години и кој одлучи да го даде на позајмица во Парма.
Синоќешниот подогок за него е број 10 сезонава, со што стана прв странец после Икарди и Ламера со двоцифрен број на погодоци во Серија А пред да наполни 21 година.
10 - Dejan #Kulusevski è il primo straniero ad andare in doppia cifra di reti in una singola stagione di Serie A prima dei 21 anni a partire da Mauro Icardi ed Erik Lamela, nel 2013. Straordinario.#ParmaAtalanta pic.twitter.com/8iYTjVxgLi
— OptaPaolo (@OptaPaolo) July 28, 2020
Ова е неговиот гол со кој го отвори резултатот против своите
Ама Швеѓанецот чии родители се Македонци, не е јак само по головите. Погледнете го тунелов.
Non male il tunnel di tacco di #Kulusevski #ParmaAtalanta #Juve #colpo pic.twitter.com/OGziWMOPU9
— Antonio Parrotto (@AntonioParr8) July 28, 2020