Кралски пречек за Видал во Чиле, со коњ на терен

Кралот Арту како што го викаат навивачите на Коло Коло, имаше вистинско шоу на враќање во својот матичен клуб по цели 17 години одисеја по светот.

Пред 35.000 гледачи Коло Коло го претстави Видал на стадионот „Монументал Давид Арељано“ во Сантијаго, Чиле. Некогашниот фудбалер на Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн Минхен, Барселона, Интер, Фламенго и Атлетико Параненсе, на стадион дошол со хеликоптер кој слетал на средина од теренот.

Ова е втор пат Коло Коло да организира ваква презентација по онаа во 1999-та кога тренерот Нелсињо Баптиста исто го донеле со хеликоптер на сред стадион.

Видал по слетувањето веднаш се качил на коњ, облечен во кралска наметка и опремата од Коло Коло и правел кругови околу теренот. „Многу сум нервозен. Не можев да спијам додека го чекав овој ден“, вели неприкосновениот борец кој во Коло Коло ја започнал професионалната кариера и играл од 2005 до 2007. На главата носел круна а во рацете држел меч.

Во еден момент заплакал по овациите од 35.000 гледачи кој дошле за него. „Копа Либертадорес? Зошто да не?“, рекол Видал пред новинарите.

Пред крајот на манифестацијата тој им дарувал и подароци на присутните на трибините.

2 февруари 2024 - 11:17