Холандија 1988
По мизеријата на Мундијалите во 1974-та и 1978-ма на кои загубија две финалиња, Холандија имаше разбирлив страв од финалињата, а на ЕП 1988 мораше да игра „две“ за да го освои пехарот. Историската важност против домаќинот Западна Германија во полуфиналето беше толку голема, што повеќе тоа личеше на финале.
Германците со голот на Лотар Матеус од пенал поведоа во 55 минута, а за пресврт се погрижија Роналд Куман од белата точка во 74-та и Ван Бастер на две минути до крајот. СССР во финалето падна полесно со головите на Гулит и Ван Бастен.
Холандија на тоа Европско имаше и среќа, особено на дуелот против Англија која имаше две стативи при 0:0, но потоа Ван Бастен експлодираше со хет-трик. Во групната фаза освен Англија, ја победија и Република Ирска, а загубија само од СССР за кој потоа следуваше одмазда.
Оваа златна генерација на Холандија на која ова и е единствениот трофеј на Европските првенства не излегува од меморијата на ниту еден фудбалски навивач бидејќи беше составена од легендите Ван Бастен, Руд Гулит и Франк Рајкард. И да волејот на Ван Бастен е од ова Европско.
Франција 2000
Прво Светско, а потоа и Европско првенство. Кога го освоија Мундијалот на домашен терен имаа една од најдобрите одбрани, а две години подоцна го пронајдоа и нападот кој им фалеше и направија тим со слобода во играта кој се претвори во победник.
Дидие Дешамп, Емануел Пети и Патрик Виера беше тешко некој да ги помине, а Тиери Анри кој Арсен Венгер во Арсенал „го претвори“ во класичен напаѓач доби сериозна надградба. Зинедин Зидан го имаше врвот на својата уметност кога ја лепеше топката на нога.
По фазата по групи славеа над Чешка и Данска, з загубија од Холандија. Во четвртфинале ја совладаа Шпанија со 2:1 која промаши пенал преку Раул, а полуфиналето и финалето немаше да ги добијат да не беше Фабијан Бартез.
Полуфиналната драма против Португалија беше решена во 117 минута со голот на Зидан од пенал, откако Анри и Нуно Гомеш постигнаа по еден гол. На финалето ретко кој не се сеќава. Повторно 1:1, овој пат против Италија со израмнување на Вилторд во 93-та и златен гол на Трезеге во 103-та минута.
Шпанија 2008/2012
Спомените од најголемата ера на Шпанија се уште се свежи. Основата на оваа селекција ја поставија Иниеста и Чави со тики така играта за која немаше одговор. Тоа беа две различни тимови со еволуција во играта меѓу тие четири години.
Репрезентацијата од 2012-та беше потешко да се победи, но оваа од 2008-ма која имаше помал посед на топка беше понапредна. Тој тим имаше подзаборавени играчи од тимот на Маркос Сена (нешто како Макелеле или Канте) кој одигра фантастичен турнир, како и Карлос Марчена. Победата против Германија во финалето од 1:0 со голот на Торес се случи два дена пред Гвардиола да стане тренер на Барселона.
Во 2012-та Шпанија прикажа апсолутна доминација и имаше скоро 70% посед на топка на Еврошампионатот. Техничките остварувања во играта им беа неверојатни и застрашувачки и никој не можеше да излезе на крај со нив.
Се појави и филозофска дебата дали нивната игра е досадна или не, но со таа игра примија само еден гол на цело Европско, а во финалето ја торпедираа Италија со 4:0. Стрелци беа Силва, Албам, Торес и Мата.
Во оваа конкуренција влегуваат и:
Франција 1984
Западна Германија 1972