Кои се најдолговечни тренери во англискиот фудбал?

После поразот во саботата од Рексам (4-0), управата на четвртолигашот Акрингтон Стенли решила да го отпушти Џон Коулман кој го водел тимот цели 9 години и 169 дена.

Тој бил тренер со втор најдолг стаж од сите актуелни тренери во англискиот фудбал. 

Џон Коулман (61) седнал на клупата на Акрингтон во септември 2014-та година. Тој и во минатото уште кога клубот играл во аматерски лиги бил тренер а најголем успех во вториот мандат доживеал во 2018-та година кога го вратил клубот во погорна лига.

Колуман без престан го водел Акрингтон Стенли од септември 2014-та до март 2024-та.

На оваа интересна листа, апсолутно прв и натаму е Сајмон Вивер (46) тренерот на четвртолигашот Харогејт Таун кој го предводи овој клуб цели 14 години и 287 дена! Првпат се запознал со играчите во летото 2009-та и од тогаш уште е тренер. Ова е прав феномен во модерниот фудбал каде тренерите ретко успеваат да да добијат подолга шанса.

Освен ако не се Јирген Клоп или Пеп Гвардиола кои се на второ и трето место на оваа листа. Германецот е тренер на Ливерпул 8 години и 147 дена. Трофејниот Клоп кој направи чудесни резултати и права револуција во Ливерпул неодамна соопшти дека по крајот на сезоната заминува од „Енфилд Роуд“.

Пеп Гвардиола е трет на оваа листа. Тој цели 7 години и 246 дена го води шампионскиот Манчестер Сити на кого му донесе еден куп пехари во Премиер лига, во ФА Куп, во Лига Куп и во Лига на шампиони.

5 март 2024 - 12:12