Кога Златан и Арнатуовиќ се закачнале во Виена

Кога човек ги гледа Златан Ибрахимовиќ и Марко Арнаутовиќ прво помислува дека се од иста мајка. Толку слична градба имаат и толку идентично се однесуваат на терен и надвор од него, што личи како да се браќа. И двајцата се деца на луѓе кои од Балканот тргнале во потрага по подобар живот, и двајцата направија врвни кариери.

Ибрахимовиќ и Арнаутовиќ имаа бројни дуели на терените во Премиер лига каде Ибра ираше едно време за Ман. Јунајтед а Арнаутовиќ за Стоук Сити. Подоцна играа еден против друг и во Серија А, едниот за Милан, другиот за Болоња.

Секогаш имале фер однос и често си ги менувале дресовите. Освен еднаш, одамна, во 2014-та кога во Виена Австрија и Шведска одиграле квалификациски меч за Европско првенство. Мечот завршил 1:1, а со оглед на тоа што истите селекции се среќаваат и денес исто на пат кон Евро, шведска телевизија објави видео на кое се гледа како двајцата тогаш се закачнале:

 

15 јуни 2023 - 15:02