Кога Жозе Мурињо го избркал Швајнташјгер од првиот тим

Престојот на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед се поклопи со сивата атмосфера во клубот кога немало многу поводи за радост. Една епизода од тоа време раскажува и светскиот шампион со Германија Бастијан Швајнштајгер. Мурињо и извршниот директор Џон Муртох му забраниле да влезе во соблекувална.

Швајнштајгер одигра 31 меч за Манчестер Јунајтед под водство на тренерот Луј ван Гал во сезона 2015/2016. А кога Мурињо дојде после Холанѓанецот, Швајнштајгер одиграл само четири меча пред да замине во МЛС клубот Чикаго Фајр.

„Бев многу тажен зошто Јунајтед беше мој втор клуб во срцето. Се давав многу себеси кога играв добро, но не бев тип на човек кој ќе трча пред медиумите. Многу поважно ми беше да се фокусирам на фудбал“.

Швајнштајгер играше на Европско 2016 а кога се вратил во Манчестер, Мурињо и директорот следниот ден му забраниле да тренира со прв тим.

„Кога дојдов првиот ден (по Европското), тренирав со Златан Ибрахимовиќ и помислив колку е добро, тренирам со играч кој има визија и одлично е да се игра со него. Следниот ден, на мојот роденден, кога влегов (во базата на Манчестер Јунајтед) во Карингтон, директорот Џон Муртох беше таму и ми кажа дека немам дозвола да влезам во соблекувалната и дека и тренерот рекол исто такво нешто.

Му побарав да ми ја донесе опремата за тренинг, го прашав со кого да тренирам и ми рече дека таму е У-16 тимот, па отидов и тренирав со У-16“.

После таа случка првпат таа сезона заиграл дури во ноември 2016-та во Карабао Куп против Вест Хем. Одиграл само три меча подоцна во ФА Куп и Европа Лига пред да замине во САД.

„Првпат некој ми се извини кога решив да го напушта Манчестер Јунајтед за Америка. Го прашав Жозе дали може да заминам и ми се извини за начинот на кој ме третираше на почетокот. Ме пушти зошто не сакаше да прави нешто против мене“.

Бастијан Швајнштајгер се повлече од фудбалот во 2019-та по три сезони во Чикаго Фајр.

19 април 2024 - 10:19