Кога Рој Кин ќе го тепал малиот Руни

Во еден сјаен подкаст Stick to Football (Држи се до фудбал), домаќини се Гери Невил, Џејми Карагер, Рој Кин, Џил Скот и понекогаш Јан Рајт. Последен гостин им бил Вејн Руни кој раскажал разни анегдоти од кариерата.

Во еден момент Рој Кин му вика на Вејн: „Ти простив за далечинското“. Руни се смее и ја раскажува целата анегдота:

„Гледаше (Кин) рагби лига на телевизија, а јас седев таму, беше Њукасл на гости и треба да излезеш од соба за да си го земеш јадењето. Мислам дека ми беше втор или трет натпревар (веднаш по доаѓањето во Манчестер Јунајтед).

Тој (Рој) излезе и ја сменив канал, пуштив Икс Фактор и го скрив далечинското. Па кога се врати, збесна! А сите седевме таму и следна работа што знам, стана и го извади кабелот од штекер.

Не знам ни дали знае, ама некаде на полноќ, клупското обезбедување чукна на врата и ме праша за далечинското. Им реков: „Немам појма каде е“.

Кин се надоврза на анегдотата и продолжи:

„Знаев дека он сменил. Ја сакам рагби лигата и имаше добар натпревар, а кога се вратив, знаев дека момците се безобразни, едноставно незрели. И бев во стил „каде е далечинскиот“?! а ебаниот Икс Фактор одеше на тв. А не избувнав. Отидов во кревет и знаев дека он (Руни) го направил тоа.

Но нов беше во клубот и си реков ’дај му шанса, немој да си прегруб со него’.

Следното утро, се симнавме долу на доручек, и он ми пријде и ме праша: „Го најде далечинскиот“?, а јас иако пристоен со него, кога ми го кажа тоа му реков: „Оди бре одјеби!“ Ама се смиривме после тоа“.

Муабетот за далечинското е од 53 минута и 38 секунда:

 

28 февруари 2024 - 13:22