Кога продолжуваат натпреварите во најдобрите лиги?

Светското првенство заврши спектакуларно. Сега фудбалската јавност ќе се врати кон европските првенства иако ретко кој размислуваше периодов за нив.

Премиер лига

Последното коло од англиската лига се играше викендот пред почеток на Светско првенство, на 12 и 13 ноември.

Најдобрата лига на светот продолжува на 26 декември.
- 43 дена откако застанаа поради Мундијалот.
- 16 дена откако Англија беше елиминирана од Франција.
- 8 дена по финалето на Светско.
- 16 играчи од Премиер лига беа учесници на завршницата, на мечот за трето место и финалето.

Но премиерлигашките клубови поскоро ќе се вратат во акција, со Карабао Лига Купот кој продолжува на 20 декември со четврта рунда, само два дена по финалето на Мундијалот.

На 22 декември играат Ман. Сити и Ливерпул во рамки на овој Куп.

Премиер лига се враќа на 26-ти, 27-ми и 28-ми декември.

Ла Лига

Последното коло од шпанската Примера пред почеток на Светското се играше среде недела, од 8-ми до 10-ти ноември.

Ќе продолжи Ла Лига на 29 декември.
- 48 дена откако застанаа.
- 23 дена откако Шпанија беше елиминирана од Мароко.
- 11 дена по финалето на Светско првенство.
- 23 играчи од шпанската лига беа учесници во дуелот за трето место и финалето.

Ла Лига продолжува на 29 декември. Шпанскиот Супер Куп ќе се игра од 11-ти до 15-ти јануари, според договорот, на стадионот „Крал Фахд“ во Ријад, Саудиска Арабија.

Серија А

Последното коло пред Светско, Италијанците го играа викендот 12-ти и 13-ти ноември.

Лигата ја продолжуваат на 4-ти јануари.
-52 откако застанаа.
- (Италија не се квалификуваше).
- 16 дена по финалето на Светското.
- 14 играчи од Серија беа дел од самата завршница.

Викендот од 4-ти до 6-ти јануари продолжува италијанското калчо. Во италијанскиот Супер Куп, исто како и шпанскиот, на стадионот во Ријад (Саудиска Арабија) на 18-ти јануари ќе играат Милан и Интер.

Бундеслига

Бундеслигашите застанаа со фудбал по одиграното коло на 12 и 13 ноември тој викенд. Лигата ќе продолжи од 20-ти јануари.
- 68 дена по почетокот на паузата во германскиот фудбал.
- 50 дена откако Германија испадна во групна фаза.
- 33 дена по финалето на СП.
- 13 играчи од германската Бундеслига беа дел од завршницата на Мундијалот.

На 20-ти јануари во петок со мечот РБ Лајпциг - Баерн ќе продолжи германската Бундеслига.

Лига 1

Француското првенство последното коло пред старт на Мундијалот го одигра викендот на 12-ти и 13-ти ноември.

Ќе продолжат на 28. декември.
- 45 дена по почетокот на паузата.
- 10 дена откако Франција го играше големото финале на Светско првенство.
- 14 играчи од Ла Лига беа дел од самата завршница.

ПСЖ ќе игра со Стразбур на 28. декември а уште е непознато дали одморот ќе им се продолжи на најголемите ѕвезди на Мундијалот, Меси и Килијан Мбапе.

19 декември 2022 - 14:00