Култната фотографија за која многу коментираат дека „му ја префрлил мајата“ е направена за време на една кампања на УНИЦЕФ во Барселона во време кога оваа организација бесплатно стоеше на дресовите на каталонскиот гигант.
Фотографот Хоан Монфорт кој живее и работи во Барселона повеќе од 30 години фотографирал разни спортски настани. Испадна дека од илјадници фотографии најславна е онаа на која Лионел Меси го држи малото бебе Ламин Јамал во раце.
Фотографијата со Лео е направена во една бања каде била и мајката на Ламин. Токму тоа бебе кое на 13-ти јули пред неколку дена наполни 17 години, стана најголема фудбалска сензација на Еуро 2024.
Постави еден куп рекорди кои тешко некој да ги достигне во догледно време. Стана најмладиот стрелец на гол на Европско првенство, најмладиот асистент и што е најважно најмладиот освојувач на Европско првенство. Ламин Јамал беше право чудо на турнирот во Германија каде воодушевуваше со своите магични дриблинзи како некогаш Меси на времето.
Голот против Франција беше еден од најубавиот на цело Еуро 2024.
„Буквално го живеам сонот“, вели фотографот Монфорт за СиЕнЕн, и самиот несвесен во што ќе се развие тоа бебе кое го сликал во 2007-ма.
Кога татко му на Меси ја споделил оваа фотографија од мајката на Ламин Јамал и аргентинската ѕвезда на Инстаграм, сликата станала вирална, се проширила насекаде и привлекла огромно внимание. Знаете ли каков наслов на сликата ставил татко му на Лео? „Почетокот на две легенди“.
На почетокот на месецов, фотографот Монфорт добил повик: „Еден од колегите од весникот СПОРТ ми се јави во 12 часот навечер и ме праша: „Ова е твоја слика“?! Му одговорив: „Да, тоа е моја фотографија, ја сликав пред неколку години. И прашав: „А кое е бебето, што било“? Ми рече дека едното бебе е Лионел Меси а другото бебе е Ламин Јамал“.
Монфорт секако заборавил во целост на тие фотографии и ниту помислил воопшто дека тоа бебе станало светски славна ѕвезда. Раскажал дека фотографиите биле направени во знак на подигање на свеста за донациите и хуманитарниот карактер во склоп на кампањата која ја организирале Барселона и УНИЦЕФ.
Монфорт уште и додава за СиЕнЕн дека семејството на Ламал се изборило и тие да бидат на фотографијата. Раскажал и дека Меси бил екстремно срамежлив но и многу професионален за време на сесијата со Јамал.
Малиот Јамин на 15 години дебитираше за Барселона, постигна гол, стана најмлад стрелец во историјата на Барса, заигра во Лига на шампиони но ниту тогаш Монфорт не се сетил кое е детето.
Неколку часа пред Јамал да направи дар-мар во триумфот 1:2 со Германија на Еуро 2024, новинарот дознал за кого станува збор и буквално се шокирал. „Горд сум на фотографиајта и ова е еден во милион случаи да има ваков момент“.
Меси и Ламин Јамал пројдоа низ фамозната школа Ла Масија и дебитираа мошне млади за првиот тим на Барселона.
Лионел Меси, најдобриот фудбалер во историјата според многумина, постигна 672 гола и стана рекордер по број на голови за Барселона. Стана и најтрофеен фудбалер на светот и освои најмногу Златни Топки за најдобар играч на свет.
Дали „му ја предал мајата“ на малиот Ламин Јамал? По она што го видовме на Еуро2024 изгледа дека да.