Интервју на Звонимир Бобан

Карате ударот врз полицаецот беше акција за ослободување од југословенскиот режим

Од четирикратен италијански и европски првак со Милан, капитен на Хрватска и освојувач на трето место, хрватски бог чиј удар стана симбол на востанието при распадот на Југославија, па се до заменин генерален секретар на ФИФА. Животот пишува новели вели Бобан.

Да се каже дека Звонимир Бобан е еден од најдорите фудбалери во историјата на Хрватска е премалку. Неговата кариера е поврзана со фудбал во неколку фази. Прво како легендарен плејмејкер кој блескаше во два репрезентативни дресови, потоа како експерт во Скај и Газета дело Спорт, а сега како десна рака на Џани Инфантино во ФИФА.

Има 48 години, живее во Швајцарија, има 5 деца и сè уште не знае германски. Освен блескавите фудбалски партии за Милан, секогаш ќе не потсеќа на оној 13 мај 1990-та кога на дербито Динамо Загреб - Црвена Звезда се охрабри да нападне полицаец и тоа пред камери.

Југославија сè уште постоеше и според многумина тоа беше денот кога започна војната. Бобан во интервју за blick.ch зборува за тој момент, за патриотизмот, новиот Милан и ФИФА.
 
Живеете со вашето семејство во Золикон, Швајцарија веќе една година. Ви се допаѓа тука?
 
Многу е добро, Золикон има сè што ви е потребно. На сопругата тука и се допаѓа повеќе од Хрватска. Нашата 22 годишна ќерка остана во Хрватска, а другите помали четири деца се тука и веќе се целосно интегрирани. Веќе научија и германски.
 
Тие научија?
 
Јас уште немам време за тоа. Првата година во ФИФА беше френетична, но ќе научам германски. Не сакам децата да ми се смеат за неколку години. Исто така и од почит спрема Швајцарија.

Ве препознаваат во Золикон?
 
Има многу Италијанци и некои Хрвати и Срби кои ме препознаваат. Исто така и постарите Швајцарци често пати зборуваат со мене.
 
Тоа е невозможно во Италија?
 
Таму е малку поинаку и секаде ќе ме препознаваат. По завршувањето на кариерата работев 15 години како експерт во Скај и Газета дело Спорт.
 
Дали Милан по големите инвестиции е фаворит за титулата?
 
Јуве се нарекува така. Милан донесе добри играчи, но не извонредни. Нема да биде лесно да успее со толку многу новодојденци наеднаш. Се надевам дека грешам.
 
Еден од нив е Рикардо Родригез?
 
Родригез е исто така многу добар играч, но тој не е Серхио Рамос. Сè се смени за Родригез. Милан не е едноставно место поради големото минато, притисокот, навивачите.
 
Нејмар промени сè со трансферот од 222 милиони евра. Дали вреди толку?
 
Ако некој плаќа толкава сума, тогаш е оправдано.

Милан на Динамо Загреб за вас му плати околу 25 милиони евра.
 
Луда сума за тоа време. Сепак постојат и други вредности што треба да ги браниме освен парите. Како на пример лојалност и почитување на боите на клубот. За ова се чувствуваме одговорни во ФИФА.
 
Која е вашата идеја?
 
Системот треба добро да се размисли и одредени правила треба да бидат дефинирани. Сигурен сум дека претседателот на ФИФА има идеи како да го создаде тоа јасно.
 
Кој беше најдобриот тим со кој сте играле?
 
Милан од 1992/1993. Тројцата Холанѓани Гулит, Рајкард и Ван Бастер. Потоа Папин, Савичевиќ и Бобан и најдобрите Италијанци од тоа време: Барези и Малдини.
 
Некои тврдат дека генерацијата на југословенски играчи пред распадот биле талентирани. Просинечки, Михајловиќ, Бобан, Шуќер, Мијатовиќ, Савичевиќ...
 
Точно, овој тим веројатно беше најталентиран. Но како тим? Нема споредба со Милан.
 
Зошто?
 
Немаше простор за сите високо талентирани. Го имавме единствениот Савичевиќ кој беше вистински гениј и Просинечки како режисер. Овој тим имаше премногу талент.

По се што се случи бевте капитен на Хрватска на Мундијалот во 1998 кога завршивте трети.
 
Голема работа за нашата млада земја во тоа време.
 
Осум години претходно, на 13 мај 1990-та, станавте херој на Хрватите. Карате ударот против полициацот стана симбол на востанието против југословенската влада.
 
Тоа беше акција за слобода и угнетување. Бевме угнетувани од режимот со години. Бевме млади и се боревме за нашите идеали.
 
Со 21 годишниот Бобан на линијата на фронтот.
 
Луѓето рекоа: Бобан удри полицаец. Тоа е извадено од контекст. Полицаец тепаше младо момче неколку пати. Не можев да гледам. Оттогаш никогаш не сум се тепал.
 
Сепак станавте симбол на востанието.
 
Не јас. Не мојот удар. Целиот ден и сите луѓе кои се бранеа се симболи. Тоа беше востание на сите. Но јас бев Бобан, 10-та од Динамо. Тоа беше разликата.

За СП 1990 не добивте повик. Ризикувавте многу?
 
Многумина тврдеа дека ризикував повеќе од другите. Тоа не е вистина. Најмногу си ја ризикував кариерата. Но со овој беграунд, ова не значи ништо.
 
Потоа одиграа една година за Југославија заедно со Србите. Зошто?
 
Мора да се направи разлика. Ние се спротивставивме на владиниот систем, не на Србите. Во тимот бевме пријатели. Никогаш немав проблеми со пријателите од Србија, дури и за време на војната. Не прифаќам расистички идеи, расистите се идиоти. Му благодарам на Бога што заврши војната. Односот меѓу Србите и Хрватите во голема мера се подобри.
 
Кога игравте за Србија, рековте дека сонот ви се оствари. Мелем на душа за националистите.
 
Ако сакаше да прашате дали секогаш сум сонувал за хрватската химна: Да. Дали отсекогаш сакав да играм за мојата земја: Да. Дали сум бил хрватски патриот: Да. Хрватска беше мојот сон, но Југославија исто така беше мојот тим. Секогаш давав сè, дури и за Југославија.
 
Целото интервју го имате тука.
21 септември 2017 - 15:35