Капитенот на Ајакс збесна со помлад соиграч

Капитенот на Ајакс Душан Тадиќ со 2 гола и асистенција беше играч на мечот на гостувањето кај Херенвен (1:3). Ај што даде два експрени гола туку и му се изнавика на малиот Сержињо Дест да се сконцентрира.

„Сè е тоа нормално во фудбалот, емоциите секогаш се малку понагласени. Дест многу често одеше напред и во такви ситуации ако изгубиме топка, тоа е одма 1:0. Он е добар играч и дечко, но имам повеќе искуство од него и пробувам да му помогнам. Му реков: „Не може стално да трчаш напред“. Нашите дефанзивци мораа во премногу дуели да влезат поради тоа. Зборевме за тоа“, објаснил српскиот репрезентативец после мечот.

Поддршка за Тадиќ даде и тренерот Ерик тен Хаг.

„Можеби беше малку претерано, но такво нешто ни требаше во овој момент. Мора да се држиме будни еден со друг, а тоа подразбира дека нешто мора и да се „проголта“. Важно е да се туркаме напред едни со други“.

После серија слаби резултати, Ајакс конечно освои 3 бода и сега е изедначен на прво место на табела со АЗ Алкмар (по 56 бода). Неодамна минатогодишното чудо од Лига на шампиони испадна од Купот на Холандија откако изгуби од Утрехт, а за титулата во првенство најверојатно ќе се борат до самиот крај против АЗ Алкмар и Феенорд кој направи чудесна серија од преку 7 победи и намали сериозна бодовна разлика.

Клубот од Амстердам во меѓувреме беше елиминиран и од Лига Европа од Хетафе.

8 март 2020 - 10:47