Новата сезона 2023/2024 Барселона ќе ја игра на Олимпискиот стадион во овој град кој има капацитет од 56.000 седишта. Во сезоната 2024/2025 е планирано Барса да се врати на својот „Камп Ноу“ но и тогаш евентуално би играла пред 50% од капацитетот затоа што реконструкцијата ќе трае и во текот на сезоната 2025/2026.
„Ова е најважен институционален проект во историјата на клубот. Благодарение на овој проект ќе се исполни сонот на Барса, ќе го имаме најубавиот стадион на светот. Овој проект е доказ за вербата кон Барселона. Нашата организација е жива како никогаш, а националниот и меѓународен пазар во целост ни веруваат. Барса закрепна“, се фалел претседателот на клубот, Жоан Лапорта пред неколку месеци.
Реконструцкијата почнала уште минатото лето, но активната, главната фаза започнала овој јуни. Сега од Арената ќе го демонтираат третиот прстен.


Навивачите на Барселона кои во мај месец беа на домашните натпревари, имаа среќа да земат столица за спомен од „Камп Ноу“.





КАКО ЌЕ СЕ СМЕНИ „КАМП НОУ“?
Главно е што стадионот од 99.000 места сега ќе собира 110.000 гледачи. Ова ќе го направи „Камп Ноу“ трет најголем стадион на светот после стадионот за крикет „Нарендра Моди“ во Индија (132.000) и стадионот „Први мај“ во Северна Кореја (114.000).

Барселона одамна планирала реконструкција, уште од 2007-ма година но никогаш не им успеало и ја одложувале за некои други времиња. Последен пат стадионот бил реновиран во 1998-ма година (изграден е во ’60-те години). Новиот проект сега подразбира и уште подобра логистика од сегашната која важи за една од подобрите во Европа (пат од стадионот до првата метро станица изнесува 6-10 минути).
Средствата за реновирање на инфраструктурните објекти на стадионот и околу него, на територијата околу „Камп Ноу“ ги обезбедиле 12 инвеститори. Парите ќе бидат исплаќани во период од 5, 7, 9, 20 и 24 години.