Елмас слета во Милано, каде го пречекаа италијански новинари и сниматели и од таму продолжува во Торино каде за попладне му се закажани лекарски прегледи и потпис.
Торино и Лајпциг се договорија за позајмица со право на откуп. Други детали од договорот за сега не се познати.
За македонскиот репрезентативец трансферот е многу важен, затоа што менувањето на средината значи нова шанса за враќање на формата која не успеа да ја одржи во Бундеслигата.
Во Лајпциг имаше премалку простор, само 6 настапи оваа сезона во Бундеслигата, Купот и Лигата на шампионите.
Италијанскиот фудбал не би требало да му биде средина за повторно прилагодување, бидејќи за Наполи одигра 5 сезони и има 189 настапи и 19 гола, како и шампионска титула со Спалети и Куп на Италија со Гатузо.
Неговиот нов клуб Торино се наоѓа на 10-та позиција на -4 од Рома.