Со помош на убиствениот голгетерски инстинкт, Андриј Шевченко им влезе под кожа на навивачи на Милан со кои ја сподели радоста на вкупно 175 голови.
2003-та година: Куп на Италија, Лига на шампиони и Супер Куп на Европа. 2004-та година: Скудето и Супер Куп на Италија.
Тоа едно, а сега и друго зошто баш 2004-та, незаборавната година на еден од омилените ликови заиграа во Милан.
6 јануари 2004-та, Рома - Милан 1:2.
Два гола со лева со кој го реши мечот против Рома која до тогаш немаше пораз и беше лидер на табела со 6 бода предност пред Милан.
2 мај 2004-та, Милан – Рома 1:0.
Му требаа само две минути за да остави белег на терен. Кафу го пронајде Кака, овој со нафрлена до Шева кој со глава го реши и реваншот против Римјаните. Таа сезона Росонерите го освоија Скудетото број 17, а Андреј Шевченко беше клучниот играч.
16 мај 2004-та, Милан – Бреша 4:2.
Последно коло во кое на денот кога Роберто Баџо се збогуваше со фудбалот, тој по втор пат ја освојува наградата за најдобар стрелец во Серија А.
21 август 2004-та, Милан – Лацио 3:0
Првиот меч во новата сезона почна со финалето од Супер Купот на Италија, а Шевченко тоа го направи со спектакуларен хет-трик. Еден со десна, еден со лева и еден со глава.
20 октомври 2004, Милан – Барселона 1:0
Центар шут на секогаш одличниот Кафу со секогаш одличната 7-ка, доволен за да падне Барса со Роналдињо и Ето.
12 декември 2004-та:
Пред точно 14 години украинската пушка, Андриј Шевченко кој тогаш важеше за најдобар шпиц во светот, ја освои Златната топка.