Еден од потрофејните клубови во Аргентина, Индепендиенте добро игра и во новата сезона на Примера Дивизион па после 16 кола е трет со 29 бода, шест помалку од лидерот Росарио Сентрал и два помалку од Ривер Плејт. Синоќа со 1-0 го совладале истоимениот ривал Индепендиенте Ривадавиа а стрелец на спектакуларниот гол бил младиот Сантијаго Габриел Монтиел.