За време на реваншот од 1/8 финалето на Лига на шампиони, на трибините немаше никого но стоеше една јасно читлива парола:
„СТОП ЗА РЕФОРМИТЕ ВО ЛИГА НА ШАМПИОНИ“
Оваа тема која „се крчка“ со месеци, ескалираше во пресрет на реванш дуелите од првата нокаут рунда во Лига на шампиони.
Подробно на темата зборуваше идеологот на овие реформи, претседателот на Јувентус Андреа Ањели (бјанконерите играа синоќа со Порто и испаднаа во 1/8 финале) кој е и шеф на Асоцијацијата на европските клубови (Здружение кое ги претставува интересите на 246 професионални клубови во Европа).
Ањели се обратил по 25-то собрание на организацијата.
„Останаа уште неколку детали поврзани со промена на турнирот. Ако имаме четири дополнителни места, треба да решиме како ќе бидат распределени, да има баланс меѓу местата за шампиони и места за клубовите успешни во еврокуповите“, го почнал своето излагање Андреа Ањели и продолжил:
„Нам ни е важно навивачите да бидат централен елемент. 40% од гледачите се од 16 до 24 години, односно генерација таканаречени зумери кои се рамнодушни кон фудбалот.
Актуелниот систем не одговара на потребите. Во фудбалот има премногу натпревари, нема конкурентска компонента како на локално, така и на меѓународно ниво. Навивачите не треба да се земаат здраво за готово. Мора да им се даде конкуренција или ризикуваме да ги изгубиме“, додава Ањели.
КОИ СЕ ГЛАВНИ ПРЕДЛОЗИ ЗА ПРОМЕНИ:
- Новиот формат на Лига на шампиони ќе биде утврден за две недели: се планира да играат 36 наместо 32 клуба и да играат по швајцарски систем;
- Топ клубовите планираат почесто да играат меѓу себе уште во првата фаза, сакаат да се избават од „непотребни“ проодни натпревари. поточно топ клубовите почесто да играат помеѓу себе уште во групна фаза, за да привлечат повеќе неутрални гледачи;
Претседателот на Јувентус, Ањели смета дека идеален баланс за такво нешто е на секои два меча во домашните натпреварувања да има по еден меѓународен натпревар во еврокуп.
Планот кој Ањели и Асоцијацијата на европски клубови го имаат предвидува веќе од 2024-та година пласманот во Лига на шампиони да зависи не само од резултатите од претходната сезона како што е сега, но и од рејтингот во УЕФА. Со ова сака да се избегне некој топ клуб да остане со празни раце ако не се пласира во Лига на шампиони преку домашно првенство. Фактички ако не заврши во првите 4 во лигата, ќе има шанса преку wild-card според својот историски рејтинг во УЕФА.
Ако се гледа ова, Јувентус во претходните 3 сезони испадна од клубови од кои само Порто е актуелен шампион. Кога Ајакс ги елиминираше во 2018/2019, „копјаниците“ во ЛШ не влегоа како шампиони на својата земја туку како второпласирани, а ни Лион (беше трет во Лига 1).
- Уште една идеја во борбата со неинтересните натпревари е кратење на вкупниот број на натпревари на тимовите. Пример со ФА и Лига Купот, англиските премиерлигаши играат и до 53 меча во сезона, а во Германија максимумот оди до 43.
За такво нешто тој вели дека е потребно лигите да се скратат:
„Сметаме дека 20 екипи е премногу за конкурентен баланс во првенствата“.
- Клубовите ја разгледуваат и идејата за забрана на трансфери меѓу клубовите кои играат во Лига на шампиони. Ањели смета дека во таков случај екипите ќе обрнуваат внимание на играчи од други клубови кои не се во Лига на шампиони и така ќе се подобро економијата на целиот фудбал.
Според претседателот на Јувентус Асоцијанцијата на европски клубови очекува колективен договор во европскиот фудбал кој ќе им дозволи подобро да реагираат на следната криза, идејата за ограничувања на плати и ограничувања на менаџерски комисии.