Каков пеколен играч бил Уго Санчез во Реал Мадрид

Мексиканецот Уго Санчез имал крајно богата кариера а станал голема, огромна легенда на „кралскиот клуб“ Реал Мадрид за кого од 1985-та до 1992-ра на 207 меча дал 164 голови. Она што беа Бензема и Роналдо за Реал во помодерна историја, тоа бил Уго Санчез на времето. После Реал играл во помали клубови како мексиканска Америка, Рајо Ваљекано, Атланте, Линц, Далас Бум и други но она што го правел во Реал е за вечност. Еден е од најдобрите стрелци во клупската историја.

Со Реал Мадрид освоил дури 5 шампионски титули во Ла лига, 3 Супер Купа, 1 Копа дел Реј и 1 Куп на УЕФА.

17 септември 2024 - 09:04