Мауро Икарди и Макси Лопез станаа клупски колеги и пријатели во сезоната 2012/2013 во Сампдорија. Тоа беше прва сезона во кариерата за 19 годишниот Икарди, а 8 години постариот Лопез претходната настапуваше како позајмен играч во Милан.
Но пријателството им се уништи следната сезона кога Икарди потпиша за Интер, поради жена и тоа мајка на три деца која се впуштила во многу курвинска авантура. Не дека Икарди е за правдање и не можел да ја откачи, ама очигледно младиот Мауро не размислувал во тој момент со горната глава.
Вака оди приказната односно страната на Икарди кој си признава фино лепо:
„Еден ден пред да патувам на турнеја во САД добив порака од Ванда. Бев изненаден, бидејќи обично комуницирам со Макси, а не со неа. Ме праша дали може да и купам нов Ајпад од САД. Малку се подзамислив дали навистина го сака таблетот или тоа и е повод за да стапи во контакт со мене. Кога се вратив во Милано се пишавме, а Ајпадот и беше причина повторно да ме побара.
Ми пиша порака со покана: Јас и Макси заедно со Гонзало Бергесио и жена му ќе одиме со јахта на крстарење. Сакаш да дојдеш со нас? Јас прифатив. Кога во еден момент бев сам на вториот спрат од јахтата каде решив да се одморам и да послушам музика, наеднаш Ванда ми се појави без никаков срам. Така заврши нејзиниот брак со Макси“.
Ај што оваа прекинала брак со три деца, а овој откачил пријател за секс, туку потоа и двајцата не застанаа со провоцирање и разно разни пораки како онаа на Мауро кој за децата на Ванда и Макси рече: Ги сакам тие три мали ангели.
Макси Лопез полудуваше, ама не успеваме да го спречи:
„Разбирам дека како јавни личности имаме право да објавуваме слики, но ми смета кога на нив се појавуваат моите деца. Му реков да престане, ама џабе“.
Макси Лопез и Ванда Нара се разведоа во декември 2013-та и веќе во мај 2014-та таа се венчаше со Икарди. Ванда сега е мајка на пет деца, има три сина со Макси и две ќерки со Икарди, кој подобро да внимава кого кани жена му на јахта кога шетаат негде.
За време на мечот меѓу Сампдорија и Интер одигран во април 2014-та, Макси Лопез одби да се ракува со Икарди
A исто постапи и две години подоцна кога беше член на Торино.