На официјалниот профил на Твитер, Ајакс добива порака дека 80 годишен навивач не може повеќе да патува до стадион за да ги бодри, со образложение дека се плаши на тие години да се качува сам на воз.
Вилем е оддалечен 43 километри до стадионот на Ајакс и веќе 60 години е навивач на славниот холандски клуб.
Од клубот одговараат експресно и покажуваат што значи почит кон еден ваков навивач кој од 50-те оди на Амстердам арената. Обврската за човекот да стигне до стадион ќе биде нивна во соработка со нивниот спонзор.
„Почитувани, Ајакс и Мерцедес Бенз ќе се погрижат Вилем до крајот на сезоната да стигне безбедно и да се врати дома после натпревар. Оставете го тоа на нас, ние ќе се погрижиме за транспортот со помош на нашите партнери“, одговорија од Ајакс.
Ајакс во моментов е прв на табелата во холандското првенство со еден бод повеќе од ПСВ. Под водство на Франк де Бур клубот од 2010-та до сега освои четири титули по ред, а оваа сезона се бори за 34-та во нивната историја.