Иако од финалето поминаа девет дена, не запираат фудбалските анализи за тоа како Италија успеа да го освои Европското првенство, во кое на патот до трофејот им стоеја три сериозни селекции, кои беа меѓу главните фаворити: Белгија, Шпанија и Англија.
Последната анализа на која налетавме е многу долга опсежна, поткрепена со видеа, а ние ќе го пренесеме главниот елемент од нивната игра, а тоа е пресингот.
Оваа Италија ја споредуваат со Наполи под водство на Сари, кој играше атрактивен и привлечен фудбал со многу флуид и енергичност, како и цврсто притискање на противникот со желба побрзо да се одземе топката и да се создаде посед.
Сето ова во формација 4-3-3. За таа игра Сари тогаш ги имаше двајцата играчи кои сега ги има Манчини: Инсиње и Жоргињо. Со левостраното тесно преоптоварување на Италија, Манчини ги имаше истите придобивки. Но клучот во играта не лежи само во нив двајца.
Манчини има голем број на технички надарени играчи кои заедно работеа со голема поддршка за да ја одработат топката во шеснаесетникот. Се менуваа брзо, се движеа напред и секогаш имаа по неколку опции за додавање.
Сосема јасно, најдобриот тим на турнирот прикажа фудбал без да ги загуби традиционалните предности на италијанската игра. Со енергично притискање, но исто така и воздушно затегнато одбранбено организирање.
За прв пат од 2006 година, новата генерација на италијански играчи имаат трофеј кој може да го нарекуваат свој.
Триото напаѓачи, инаку многу подвижни и брзи, им вршеа постојана пресија на централните бекови кои ретко кога можеа да бидат растеретени кога ќе примат топка од голманот.
Златната копачка на Европа од минатата година, Чиро Имобиле можеби одигра под очекувањата офанзивно, но заврши безброј задачи, а Манчини на пресот после Шпанија изјави дека трчал како луд.
Кога еден од стоперите требаше да ја почне акцијата, тој го притискаше од страна за да го блокира додавањето до другиот стопер и со тоа ги ограничуваше неговите опции за додавање.
Бекот кој требаше да донесе одлука под притисок на Имобиле или Белоти, имаше неколку опции: Да проба пас додека италијански играч му дише во врат или да оди напред во полн простор на италијански играчи кои лесно можеа да го опкружат.
Ниту едната, ниту другата не се баш идеални опции и затоа Италијанците редовно сечеа топки и растураа акции. Во тоа учествуваа ланец на играчи, способни за такво нешто. Зад напаѓачката линија такви беа жилавите Барела и Верати кои прелетуваа во средината, а во одбрана енергичните Кјелини и Бонучи кои антиципираа и воздушно и по земја.
Внимавајте добро на видеата
Имобиле врши притисок за да го блокира додавањето и да ја зароби противничката половина на теренот, по што Турција ја губи топката.
Потоа со помош од уште еден напаѓач не му даваат на голманот опција за додавање.
Антиципација на Кјелини против Шпанија.
Висок пресинг во кој Кјелини стигнува да растури акција до противничката половина.
Висок пресинг против Белгија по кој голманот ја рога очајно во аут.
Пример за пресинг игра против Шпанија против кој Манчини призна дека им било најтешко.
Тркот на Киеза кој им пресече акција на Англичаните
И Ачерби кој доби мала минутажа го негуваше стилот на Кјелини и Бонучи.
Кога триото напаѓачи ќе се залепи за тројцата одбранбени на голманот му преостанува само долга топка.
Целата анализа тука