Како игравме со Украина на меѓусебните средби?

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 во Скопје го игра вториот натпревар од квалификациите за Евро 2024. Ривал е Украина. Нашата репрезентација во прво коло забележа победа против Малта 3:1 а Украинците загубија 2:-0 на гости кај Англија.

Македонската фудбалска селекција ги продолжува настапите во квалификациите за Европско првенство. На гости во Скопје доаѓа Украина со која имаме пет соочувања: три порази, една победа и една нерешена средба.

Првпат од независноста на двете земји, Украина и Македонија одиграа пријателска на 11-ти октомври 2003-та година која заврши без голови.

На 31-ви март 2004-та Македонија ја совлада Украина 1-0 на пријателски меч во Скопје, а следните три дуели ги добија Украинците. На 12-ти октомври 2014-та победија 1-0 во квалификации за Европско првенство, на 9-ти октомври 2015-та во истиот циклус славеа и во Скопје 0-2.

Последниот натпревар меѓу Македонија и Украина, на Европското првенство 2020 го добија Укрианците 2-1 (Алиоски за нас постигна гол од пенал, а Димитриевски одбрани пенал во вториот дел).

Украина сега доаѓа во Скопје по пријателскиот меч со Германија во Бремен во понеделникот каде ремизираа 3:3 иако Украинците водеа буквално до последни секунди од мечот кога домаќинот со гол од пенал израмнија 3:3.

 

16 јуни 2023 - 12:31