Каи Хаверц 0/15

Арсенал летово се засили многу. Во клубот дојдоа скапо платените ѕвезди Деклан Рајс од Вест Хем кој влезе на листата Топ10 најскапо платени фудбалери на светот како и Каи Хаверц кој доаѓа од главниот ривал Челси. Хаверц на турнејата на Арсенал во САД синоќа бил „хит“ со промашени 15 обиди да даде гол на турнирот МЛС Ол Старс.

19 јули 2023 - 14:07