Јувентус го демолираше Наполи со 3-0

Бјанконерите го размонтираа шампионот Наполи, со апсолутна контрола на ситуацијата на теренот Јувентус славеше со головите на Жонатан Дејвид, Кенан Јилдиз и евроголот на Филип Костиќ во 86' минута. Елиф Елмас играше до 70' минута кога беше заменет со новото засилување за Наполи од Верона, Бразилецот Џоване.

После 22 кола Интер е прв со 52 бода, Милан е втор со 47, по 43 имаат Рома и Наполи на трето и четврто место, а Јувентус со 42 бода е на петто место.

 

26 јануари 2026 - 09:23