Изненадување за детето кое секој ден му мавта на саканиот тим

Осумгодишниот Чинар Озкан од турскиот град Самсун редовно секој ден му мавтал на клупскиот автобус на Самсунспор, екипа од турската Суперлига. Бил среќен секогаш кога ќе поминат, ќе му мавнат и ќе го поздрават со свирка. Еден ден од клубот решаваат да го изненадат.

Чинар Озкан со татко му Хасан Озкан редовно ги следи сите натпревари на Самсунспор а живееле на улица каде клупскиот автобус редовно поминува со млади и сениорски играчи, па им мавтал во знак на поддршка.

Откако го изненадиле со подарок, го поканиле и во нивната академија каде што се сретнал со многу првотимци и ги разгледал клупските простории.

Добил и дрес со автограм од неговиот идол Јакуб Шумски.

22 септември 2023 - 10:10