Елиф Елмас фаќа добар ритам. По оние 10 минути против Јуве кога влезе во финишот и учествуваше за освојувањето на големите 3 бода, Елмас беше стартер против Сампдорија, даде гол и доби пофалби, а синоќа Гатузо повторно му даде голема доверба.
На полуфиналниот меч од Купот на Италија на гости го смести во формација 4-3-3, но овој пат офанзивно во линија со Мертенс и Калехон. Лоренцо Инсиње остана на клупа.
Наполитанците успеаа да обезбедат предност пред реваншот од 0:1, а статистиката вели дека во полуфинале на првиот меч немаат победа од 1991-ва година.
Откако на првите средби го игнорираше, Гатузо е се повеќе свесен дека во екипа има млад и многу перспективен фудбалер, кој очигледно е дека може да игра и во средина како организатор, но и како полушпиц.
Стратегот на Наполи повторно имаше пофалби за нашиот репрезентативец.
„Инсиње имаше проблеми и против Јуве, така што се загреваше Елмас. Тој може да игра на таа позиција, има сила, техника, но може уште да се подобрува. Се работи за играч кој кога ќе удвои тоа го прави добро, со отров, а кога сакаш да нафрлиш не ти остава простор од 4-5 метри“.
Тутонаполи му даде оценка 7
„Беше ставен во напаѓачкото трио по лева страна, а во реалноста игра во 4-5-1, формација во која го подигнува тимот со помош на неговата физичка спремност и квалитет. Генерација 99` кој вреди да биде награден за карактерот и леснотијата со која го влечеше тимот во прво полувреме“.
А новинарот Умберто Киарело го оцени со 6,5.
Хајлајтс со неколку ситации каде Елмас е задржан со фаул.
Голот на 0:27