Во второто коло од новата сезона во американската МЛС лига, Торонто на гости го победи Њу Ингланд 0-1 со гол на Лоренцо Инсиње. Некогашниот италијански репрезентативец и капитен на Наполи направи ремек дело во негов стил, а голот го прослави на интересен начин.