Покрај тоа, дуелите на Марсеј против Генгам дома никогаш не завршиле без голови. На 8 меѓусебни средби на Велодром во историјата, паднале по 2,75 гола по натпревар. Бретонците во Марсеј победија еднаш и тоа со помош на озлогласениот Дидие Дрогба во сезоната 2002/2003. Во принцип, имаше многу причини за добар натпревар.
Кочениот резултат 0-0 објаснува. Статистиката вели дека домаќините имале посед на топка од 62% и 16 удари. Но овие бројки се лажни, затоа што никој не видел никаква активност или страст за победа на теренот. Претпоставуваме каков бил изразот на лицето на уредникот кој го монтирал видео прегледот од мечот, на официјалниот канал на Лига 1 на YouTube:
Зошто е историски натпревар?
Во недела, веднаш по завршување на последниот меч, Канал + има емисија со анкета која што се вика Canal Football Club. За овој телевизиски канал кој од следната сезона нема да емитува ниту англиска Премиер лига, домашното првенство сè уште е практично единствениот излез.
Претплатниците на Канал + имаат можност да го оценат одгледаниот натпревар со скалата од 1 до 20. Во неделата вечер мечот Марсеј - Генгам постави негативен рекорд со најниско вреднување во историјата на француското првенство. Доби само 5,25 поени што е досега невиден податок.
Коментаторот на мечот, Стефан Ги со иронична насмевка го заврши извештајот: „Со среќа да ви е анализата, колеги", затоа што во студиото следуваше анализа на најдобрите моменти. Постојан стручен коментатор за Канал + е светскиот шампион од 1998. година, Криштоф Дугари кој беше краток во оценките: „Ова беше ужас".
Меѓутоа, не гледаа само новинарите критички во оцените на најздодевниот меч. Играчот од средниот ред на Генгам, Лионел Матис во интервјуто после мечот срамежливо погледна надолу и рече: „Во моментов размисувал како Пјер Менез (коментатор и водител на програмата на Фудбалски клуб Канал плус) ќе ја анализира нашата средба. Мислам дека тој нема да биде задоволен".
И не само што не беше задоволен, туку малку фалело да заспие и тој и камермани и цело студио.
Која е причината за таквиот чуден „уметнички перформанс"?
Одговорот може да се побара во тренерот на гостинската екипа, Жослен Гурвенек кој секогаш игра според ситуација. Поточно сака да игра контри и многу работа без топка. Причините лежат и во Марсеј. Пред да ги бараме таму, треба да се вратиме шест месеци назад кога тимот се подготвуваше за сезоната со Марсело Биелса. Ел Локо (Лудиот) го водеше тимот и на првиот официјален меч од сезоната против Кан, а потоа реши да даде оставка, незадоволен што претседателот на клубот Винсен Лабрун уште во пролетта 2015-та почнал да бара потенцијален наследник во случај Аргентинецот да не го обнови договорот.
На негово место дојде Мичел, кој започна спектакуларно со две домашни победи над Троја и Бастија, а на тие мечеви Марсеј постигна вкупно 10 голови. Интересно е што екипи како Газелек Ажаксио и Генгам кои имаат 5 или 10 пати помали буџети од Марсеј успеаа да земат бодови од Велодром.
Оптимистите ќе речат им фалеле играчи, повредени се двајца бекови Бенџамин Менди и Паоло Де Чеље, но тоа е слаб изговор. Фактот што Марсеј и натаму активно е вклучен во четири натпреварувања (Лига 1, француски Куп, Лига Куп и Лига Европа) некако го прави апчето послатко.
Најдобриот твит после мечот ни ја раскажа тешката судбина на тренерот на Кан, следниот ривал на Марсеј, Патрис Гаранд: „Морав да ја анализирам играта на Марсеј за да се спремам за следната недела, но заспав во 10-та минута".