Имало помизерно куп финале и од нашето

Словачката фудбалска асоцијација и стана силен конкурент на ФФМ во борбата за избор на најмизерно организирано финале на национален фудбалски куп.

Мислевме дека ФФМ го организираше убедливо најмизерното финале на фудбалски куп кога на 2 мај во Штип пред 300 гледачи Ренова го победи Работнички, а пехарите и медалите им беа врачени од едно мизерно масиче кое за да се сокрие срамот беше покриено со македонското знаме.

Но еве Словаците со потрудиле да ја надминат ФФМ. Словачката фудбалска асоцијација реши да го организира финалето на купот помеѓу Сеница и Жилина во мало градче на истокот од државата (450 километри оддалечен од градот на еден од финалистите).

Финалето било организирано во работен ден, вторник и тоа со почеток од 12:30 часот. Да биде трагедијата уште поголема, влезниците не се продавале на денот на одигрување на натпреварот, па навивачите на Жилина кои не обезбедиле влезници, финалето морале да го проследат од блискиот рид.

15 мај 2012 - 12:21