Или ја играл во кладилница, или ја наместил, трето нема
Меч од 3. португалска лига меѓу Тореенсе и Анадиа. Играч на натпреварот, судијата Луис Рефорцо. Во 65’ минута суди смешен пенал за домаќинот и дава директен црвен картон за гостите. После го повторува изведувањето на пенал дури 3 пати од кои првите 2 беа промашени од играч на Тореенсе. Португалската фудбалска федерација експресно го дисциплинирала и го тргнале од листата на судии.