Се работи за финалето од Лигата на шампионите во 2011 година кое се одржа на 28 мај на Вембли. Барселона со Пеп Гвардиола одеше на тројна титула, а пред себе го имаше Манчестер Јунајтед со Ван дер Сар, Видиќ, Фердинад, Евра, Гигс, Сколс, Валенсија, Руни, Нани.
Состав на Манчестер кој е далеку од лош и кој се очекуваше одлично да се носи со Барселона, но работите не оделе баш така лесно. Ќе ви раскаже еден од 22-цата актери на терен кои ги одигра сите 90 минути.
Тоа е Ерик Абидал за кого тоа беше специјална вечер бидејќи неколку месеци претходно му открија тумор на црниот дроб. Успеа да закрепне и да биде дел од еднo од најдобрите изданија на Барселона.
„Тоа што се сеќавам најмногу е последниот половина час од финалето. Фудбалерите на Манчестер беа лути, навистина многу бесни, бидејќи Вембли го претворивме во едно поле каде не можеа ништо да сторат. Цело време пцуеа и се дереа. Тоа беше неверојатно. Некои од моите колеги не ги разбираа, но јас можев. Викаа: `Доста е веќе ова, доста се ебаваме, мртви сме`, а имаше уште 25 минути до крај.
Чави, Иниеста, Меси, Бускетс и Дани Алвеш кои практично играа во среден ред тој ден продолжуваа: пим-пам, пим-пам, пим-пам“
Барселона стигна до тројната круна откако славеше 3:1 со головите на Педро, Меси и Виља, а Вејн Руни само за момент внесе неизвесност во финалето.