Никлас Вилсон Зомер, фудбалер на Нирнберг У-23 е познат во Германија и надвор од фудбалскиот терен. Тој води свои блогови на друштвените мрежи. Заедно со Давид Алаба, Никлас Зомер направил тим за да игра во германската бизнис-медиа лига основана од Тони Крос. Но едно видео скапо го чинело.
Навивачите на Нирнберг биле бесни што младиот фудбалер се сликал со омразениот дрес на Баерн. Тој после неколку часа се извинил и ја тргнал објавата, но тоа не му помогнало. Меѓу Баерн Минхен и Нирнбег владее ривалска нетрпеливост и нивните натпревари се прави дерби средби.
Сега веќе неколку години меѓу екипите од северот и југот на Баварија постои огромна разлика, Баерн е страшно доминантен и Нирнберг не може ниту да помисли да му пријде, но во минатото не било така. Нирнберг на времето низ историјата му нанесувал на Баерн многу тешки порази, па ривалитетот останал ден-денес.
Навивачите на Нирнберг гневни што младиот фудбалер Никлас Зомер се сликал во дрес на Баерн Минхен, на мечот против Магдебург напишале навредлива парола на негова сметка: „Губи се, свињо баварска“, како и: „Гордост за клубот а не хипстерски позерај“ и „Никлас ти си такво срање како и Баерн“.
Но не останало се само на пароли. Навивачите го пречекале близу неговиот дом и го истепале.
Зомер покажал како изгледа после нападот и им заблагодарил на сите за поддршката.
Нирнберг веднаш жустро го осудил нападот:
„Луѓето кои го нападнале Никлас за време на ноќта пред неговиот дом ги прејдоа сите граници. Оваа постапка по сите параметри е реакција на тоа што три дена претходно играчот се појавил во дрес на Баерн Минхен на друштвените мрежи. Фотографијата била тргната веднаш после објавата, а и играчот јавно се извини. Клубот никогаш нема да допушти физички напад на играчи“.
Зомер е дете на Нирнберг, тој сигурно знаел за омразата меѓу овој клуб и Баерн Минхен но ништо не може да го оправда тој гест на навивачите.