Хрватите се свесни за предизвикот, но јасно е дека нема потреба предвреме да се предаваат и со голем мотив го очекуваат дуелот со бранителот на трофејот од пред четири години.
"Нема од што да стравуваме, Шпанците се човечки суштества како и сите ние. И тие се од крв и месо. но ние веруваме во нашите квалитети ќе се обидеме токму во мечот со најсилниот противник во групата да обезбедиме пласман во четврт-финалето. Хрватска е незгоден противник за секоја репрезентација и затоа очекувам дека тоа ќе биде еден голем меч во кој сите ќе уживаат", изјави капитенот на хрватската репрезентација, Даријо Срна.
На Хрватите за пласман во следната фаза им е потребен бод, но во таа ситуација Италија не смее да победи со поголема разлика од еден гол.
Според моменталната состојба на табелата, ниту лидерот Шпанија не е сигурна во пласманот во следната фаза и токму тоа е извонредна најава дека в понеделник од 20 часот и 45 минути на ПГЕ Арената во Гдањск ќе гледаме врвен фудбал.