Тренерската кариера на Сампаоли не почнала случајно. Во средината на ’90-те, Хорхе работел во еден од регионалните клубови во родниот град Санта Фе. Емоциите не можел да ги задржи ни во пониските лиги.
На еден меч го исклучиле поради расправија со судијата, ама и тоа не помогнало - Хорхе се качил на едно дрво околу стадионот и од таму им довикувал на играчите.
Фотографијата на Сампаоли како води екипа качен на дрво случајно стигнала и до претседателот на Њуелс Олд Бојс Едуардо Лопез. „Таква будала ни треба“, помислил Лопез и го викнал Сампаоли.
После 15 години Хорхе Сампаоли ја одведе Аргентина на Светско првенство.
***
Целиот живот на Хорхе Сампаоли е чиста противречност. Во април годинава на голема врата излезе автобиографијата на овој необичен тренер, под наслов „Пулс на моето срце“. За време на Светското книгата стана главно оружје на хејтерите.
До дебаклот од Хрватска книгата чинела високи 275 долари а по бродоломот цената паднала на само 3 долари.
По катастрофата во Нижни Новгород (0:3) еден цитат од книгата на Сампаоли посебно се истакна:
„Јас никогаш ништо не планирам. Во главата се ми доаѓа спонтано. Ако почнам да планирам, ќе се вработам како канцелариски службеник. Никогаш не сум бил таков, израснат сум на улицата“.
Кога ја презел репрезентацијата често говорел дека ќе работи заедно со Меси: „Не можеш да не зависиш од играта на Меси, среќа што го имаме најдобриот игрча на светот. Треба да ја засилиме соработката на Меси со Банега, Ди Марија, Икарди и Дибала“.
Навивачите го обвиниле за банални глупости и го објавиле неговиот цитат од книгата: „Јас никогаш не сум бил учен. Ни во школо, ни на факултет, ни во работата како главен тренер. Не можам да читам книги - вртам два листа и ми здосадува. Пишувам три збора на лист и станувам“.
Мрзливоста за учење Хорхе ја компензирал со безгранична љубов кон фудбалот. Додека трча рекреативно не слуша музика, туку ги слуша прес-конференциите на неговиот идол Марсело „Ел Локо“ Бјелса.
Кога го објаснува својот безумен стил на игра, тој се осврнува на Хуан Перон (претседател на Аргентина од 1946-та до 1953 и од 1973 до 1974-та):
„Оној што сака да постигне успех, мора да ризикува. Оној што сака просечни достигнувања, подобро никогаш да не ризикува. Кој не сака да направи ниту една грешка, подобро ништо нека не пробува“.
За тоа колку Сампаоли изгуби контрола врз репрезентацијата на Аргентина покажува и видеото од аргентинските медиуми на кое се гледа како пред крајот од мечот со Нигерија го прашува Меси дали да го внесе Кун Агуеро: