Холандија лесно се чита

Поранешниот тренер на Шалке, Ралф Рагник смета дека основната причина за неуспесите на репрезентацијата на Холандија на Европското првенство во Полска и Украина е фактот што нејзината игра лесно се чита од противничките тренери, кои бргу го наоѓаат одговорот на тактичката замисла на селекторот, Берт ван Марвијк.

"Генерално, Холандија има сличен стил на игра што го негуваше минхенски Баерн во времето додека тренер на Баварците беше, Луј ван Гал. Нема сомневање дека овој начин носи резултат, но противникот лесно ја организира одбраната бидејќи во играта ја нема потребната флексибилност", истакнува Рагник.

Сепак тој очекува дека селекторот Ван Марвијк особено по играта во одреден период од второто полувреме против Германија, Холанѓаните ќе успеат да триумфираат на мечот со Холандија и на крајот да се пласира во вториот круг.

"Со неколку измени и комбинирање на поставеноста на играчите, холандската репрезентација може да ја подобри играта. Не очекувам дека преку ноќ ќе го сменат стилот на игра бидејќи тоа е невозможно, но Ван Марвијк на располагање има врвни фудбалери и очекувам позитивен резултат против Португалија", заврши Рагник.

На Холандија и е потребен триумф во последното коло, но и пораз на Данска во мечот со Германија. Во таква ситуација се прави круг од три селекции и за второпласираниот тим ќе решава гол разликата. Холандија има негатива од два гола, а Португалија и Данска израмнет скор на постигнати и примени голови.

13 јуни 2012 - 23:30