Хоџсон горд на своите фудбалери

По ремито против Франција, англискиот селектор, Рој Хоџсон задоволен од епилогот на натпреварот, изјави дека е горд на своите фудбалери, кои успеале да освојат бод во дуел со еден од најталентираните тимови на Европското првенство. На спротивната страна, Лоран Блан смета дека на неговиот тим бил подобар противник и дека жали што Франција на крајот не ги освои трите бода.

"Лично сметам дека одигравме одличен натпревар против екипа, која е меѓу најдобрите на овој шампионат. Сите фудбалери кои добија шанса да се појават теренот ги исполнија очекувањата. Бевме концентрирани и дисциплинирани во одбраната, а во нападот се обидувавме колку што можеме да го загрозиме голот на противникот", рече Хоџсон.

Францускиот селектор, жали за пропуштената шанса да се забележи победа на отворањето од турнирот и тоа против директниот конкурент за освојување на првото место бидејќи "триколорите" заедно со Англија се сметаат за двата тима кои имаат најголеми шанси за пласман во следната фаза.

"Во текот на сите 90 минути бевме подобри, имавме неколку извонредни шанси за гол, но за жал постигнавме само еден што беше доволно да се освои бод. Требаше барем уште еднаш да ја затресеме мрежата на Англичаните иако во продолжението имавме помалку шанси отколку во првиот дел", истакна Блан.

Во второто коло од Д групата, Франција в петок од 18 часот се среќава со домаќинот Украина додека Англија од 20 часот и 45 минути за противник ја репрезентацијата на Шведска.

11 јуни 2012 - 23:43