Ханси Флик доби шут-карта од Германија после мизерните резултати

Тоа е Германија. Таму ништо не се препушта на случајот па макар бил и Ханс-Дитер Флик, човекот со кого Баерн Минхен играше прекрасен фудбал и освои дури три пехари во една сезона.

На помалку од година дена до Евро 2024, Германскиот фудбалски сојуз му врачи отказ на селекторот Ханс-Дитер Флик по серијата очајни резултати и домашниот тежок блам 1-4 на пријателска од Јапонија.

„Комитетот едногласно се сложи дека на репрезентацијата и треба нов импулс по неодамнешните разочарувачки резултати. Нужни се оптимизам и увереност во пресрет на домашното Европско првенство“, рекол раководител на DFB.

НИКОЈ НЕ ГО СФАТИЛ ДЕБАКЛОТ СО ЈАПОНИЈА

Пред два дена Германците играа пријателска средба со Јапонија. Примија гол уште во 11' минута, Лирој Сане израмни во 19-та минута но до крајот од мечот „самураите“ постигнаа уште три гола преку Ајасе Уеда, Такума Асано и Ао Танака (последниве двајца стрелаа во 90 и 90+2').

Селекторот Флик после мечот изјавил „Денес треба чесно да се признае дека ние не бевме во состојба да ја победиме оваа селекција. Јапонските фудбалери се добро спремни и ги знаат сите основи на играта.

Нам во германскиот фудбал ни треба да работиме над тие работи. Како и да е ќе бидеме добро спремни за Франција. Јасно е дека разочарувањето е големо и ги прифаќам критиките. Повеќе ништо не можам да кажам по тој повод“.

Поранешниот најдобар европски фудбалер Лотар Матеус изјавил:

„Знам што се случи во последните месеци во Германскиот фудбалски сојуз. Флик малку кој го поддржува освен Руди Фелер. Но можно ли е уште да го издржат? Сомневам во тоа. Да, ние мора да го поддржуваме селекторот но нешто не оди. Тој ја изгуби довербата што ја заслужи во Баерн. Нешто се случило. Уште не верувам во зборовите на некои фудбалери дека треба да се врати Флик. Зошто тогаш со месеци никако не му враќаат на терен? Тоа ме тера на размислување.

Нивниот однос не е таков каков што го претставуваат во надворешниот свет. Тоа е исто поврзано и со расположението во земјата. Ние сме фудбалска нација но не го покажуваме тоа“.

Спортскиот директор на репрезентацијата, Руди Фелер бил уште покритичен иако до пред некој ден го бранел Флик: „Ние сме уште во шок. Пораз од 1-4 е срам! Сега треба сите да се оцениме себе а потоа да видиме што понатаму. Јас само што зборував со Ханси, он е потресен. Треба да се смириме. Утре ќе зборуваме што се случи. Многу беше срамно.

На мечот со Франција немаме права на грешка. Ние сме Германија. Во вторник никој од нас не треба да се плаши. Сите наши играчи играат во топ-клубови“. 

ФЛИК ЗАПОЧНА ДОБРО, НО ПОСЛЕДНИТЕ НАТПРЕВАРИ БИЛЕ ОЧАЈНИ

Поранешниот тренер на Баерн Минхен стана селектор на Германија во 2021-ва. Почна добро со пласман на Светско првенство 2022, победа на осум меча и фантастична гол разлика 33-2. Првпат после девет меча под Флик Германија не победи со Холандија на пријателска (1:1).

После неколку месеци Ханси Флик дури и се најде на списокот кандидати за најдобар тренер на годината 2021-ва (заврши како петти во изборот).

Потоа тргна нешто надолу. Во септември 2022-ра репрезентацијата на Германија изгуби од Унгарија дома 0-1 и не се пласираше во плејоф на Лига Нации, а после неколку месеци не пројде ни групна фаза на Светското што беше прав шок за цела Германија. И таму изгубија 1-2 од Јапонија во 1. коло од групата. После одиграа нерешено со Шпанија и славеа над Костарика.

После Светското во Катар Германците забележаа само една победа: против Перу во март 2023-та. На последните мет меча Германија претрпе дури четири порази (од Белгија, Полска, Колумбија и Јапонија) и нерешено (3:3) со Украина.

Поразот 1-4 од Јапонија дома бил последна капка во преполната чаша.

ФЛИК ДО КРАЈ ВЕРУВАЛ ДЕКА ЌЕ ОСТАНЕ СЕЛЕКТОР

Ханси не губел оптимизам ни по дебаклите.

„Правиме се што е можно за секогаш идеално да ја спремиме екипата. Ние (стручниот штаб) добро го правиме тоа. Мислам дека сум иснпиративен тренер.

Пред èе ние сме жестоко разочарани. Мора да признаеме дека Јапонија е добра екипа. Ние во моментов немаме ресурси за да победиме таква компактна одбрана. Просто немаме доволно ресурси. Почнавме добро но првата шанса на Јапонија беше гол. После израмнивме на 1:! па одново примавме. Не мислам дека играчите се виновни. Се обидуваа пак и пак но после направивме индивидуални грешки“.

По отказот кој синоќа му го врачиле, главни кандидати за негов наследник се Јулијан Нагелсман кој од март нема работа. На мечот со Франција селекцијата привремено како в.д. селектори ќе ја водат Руди Фелер, Сандро Вагнер и Ханес Волф. 

11 септември 2023 - 09:34